Сончево и топло, попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и температури до 39 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално со услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. UV=8 Во Скопје...

јул 22, 2024 - 18:30
 0  1
Сончево и топло, попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и температури до 39 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално со услови за краткотрајно невреме.
Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. UV=8

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Позначителен пад на температура ќе има од среда./Извор:Makfax