Средба на претседателката Сиљановска Давкова со Марко Маковец, заменик директорот во Европската служба за надворешни работи

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими Марко Маковец, заменик директорот во Европската служба за надворешни работи, во пресрет на одржувањето на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа. На средбата беа разменети мислења за напредокот на македонските евроинтеграции, перспективите и...

јуни 13, 2024 - 18:00
 0  1
Средба на претседателката Сиљановска Давкова со Марко Маковец, заменик директорот во Европската служба за надворешни работи

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими Марко Маковец, заменик директорот во Европската служба за надворешни работи, во пресрет на одржувањето на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

На средбата беа разменети мислења за напредокот на македонските евроинтеграции, перспективите и натамошните чекори во однос на пристапниот процес кон Европската Унија.

Претседателката Сиљановска Давкова ја истакна потребата од забрзување и напредок во процесот кон членство во Европската Унија, како наша стратешка определба, што истовремено е од клучна важност за севкупната стабилност и просперит на поширокиот регион.

Таа порача дека за одржување на кредибилноста на проширувањето на ЕУ, неопходно е да се почитува мериторниот процес на интеграција и вреднувањето на исполнувањето на копенхагенските критериуми не смее да трпи поради билатерални прашања и политички потези на одредени земји членки на ЕУ.

Во разговорот, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека македонските државни институции во иднина ќе вложуваат максимални напори со цел доследна имплементација на реформите и дека ќе настојува на политички и општествен консензус во однос на реформската агенда и усвојувањето закони за кои е предвидено европско знаменце.