Становите што државата ги гради во Битола ќе се продаваат за 1.000 евра за квадрат
На денешната владина седница донесена е одлука со која становите што ги гради Јавното претпријатие за станбен и деловен простор во Битола ќе се продаваат по реални цени, информира вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. „65 стана ќе се продаваат за 1.000 евра за квадратен метар. 11 дуќани по...

На денешната владина седница донесена е одлука со која становите што ги гради Јавното претпријатие за станбен и деловен простор во Битола ќе се продаваат по реални цени, информира вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.
„65 стана ќе се продаваат за 1.000 евра за квадратен метар. 11 дуќани по 2.000 евра за квадратен метар . 71 паркинг-место по 500 евра за квадратен метар“, соопшти Николоски.
Со тоа, како што рече, Владата врши интервенција во пазарот за недвижности во Битола и запирање на лудилото со зголемувањето на цените на становите.
Министерот очекува исти или слични активности и во други општини во периодот што следува./Извор:Makfax