Сведок од митингот на Трамп: Забележавме маж со пушка како лази на покривот

Грег, маж кој бил во близина на местото на митингот на Доналд Трамп во Батлер, Пенсилванија, за Би-би-си изјавил дека забележал сомнителен човек на покривот. „Забележавме како еден маж лази на покривот од зградата до нас, на 15 метри од нас. Имаше пушка, јасно го видовме со пушка“, изјави Грег,...

јул 18, 2024 - 10:30
 0  3
Сведок од митингот на Трамп: Забележавме маж со пушка како лази на покривот

Грег, маж кој бил во близина на местото на митингот на Доналд Трамп во Батлер, Пенсилванија, за Би-би-си изјавил дека забележал сомнителен човек на покривот.

„Забележавме како еден маж лази на покривот од зградата до нас, на 15 метри од нас. Имаше пушка, јасно го видовме со пушка“, изјави Грег, кој не бил меѓу публиката на самиот митинг, но можел да го слушне говорот на поранешниот претседател Трамп, од неговата позиција.

Наведе дека на полицијата и посочиле сомнителен маж на покривот.

„Следно што знаете, си мислам зошто Трамп сè уште зборува? Зошто не го тргнаа од бината?“

„Стојам и покажувам кон него… Следно што знаете, одекнаа пет истрели“, додаде тој. Би-би-си нагласи дека не можат со сигурност да ја потврдат приказната за овој сведок.

За време на митингот на Трамп одеднаш одекнаа истрели. Трамп прво легна на земја, а потоа беше изведен од сцената од тајни агенти. На видеото што се појави се гледа крв на увото на Трамп, но се чини дека тој не е сериозно повреден.

Сведок: Имаше многу крв

Дејвид Мекормик, републикански кандидат за Сенат од Пенсилванија, седеше во првиот ред за време на митингот. Тој за Политико изјави дека мислел дека некој е застрелан зад него.

„Одеднаш се слушнаа истрели. Се чинеше дека некој зад мене е застрелан. Имаше многу крв. Тајната служба го опколи Трамп“, рече тој./Извор:Makfax