Свети ВМРО да е, ако направил грешка, ќе одговара: Мицкоски за градоначалникот на Кочани

Колкава е одговорноста на градоначалникот на Кочани ќе утврди Обвинителството, рече премиерот Христијан Мицкоски денеска одговорајќи на прашање дали Папазов ќе сноси одговорност во врска со пожарот во дискотеката. Мицкоски рече дека надлежните во текот на денот ќе ги проверат сите документи во Општината. Посочи дека никој нема да биде...

Мар 18, 2025 - 15:00
 0  0
Свети ВМРО да е, ако направил грешка, ќе одговара: Мицкоски за градоначалникот на Кочани

Колкава е одговорноста на градоначалникот на Кочани ќе утврди Обвинителството, рече премиерот Христијан Мицкоски денеска одговорајќи на прашање дали Папазов ќе сноси одговорност во врска со пожарот во дискотеката.

Мицкоски рече дека надлежните во текот на денот ќе ги проверат сите документи во Општината.

Посочи дека никој нема да биде заштитен и секој што има каква било вина во врска со настанот ќе одговара.

„Градоначалникот во својата оставка напиша дека стои на располагање за сѐ. Не бега. Тука е. Денеска, колку што јас знам, истражните органи ќе влезат и во Општината. Ќе ги проверат сите документи. Ако вие сега пледирате дека тој е ВМРО-ДПМНЕ, па ние го штитиме, не, се лажете. Никого нема да штитиме. Свети ВМРО да биде, и јас да сум, родена сестра, брат да ми е, ќе одговара ако има каква било вина“, рече Мицкоски.

Кривична одговорност, според него, ќе има за сите и посочува дека не треба да се шпекулира.

„Кривична одговорност ќе има за сите. Ако е потребна морална или политичка, удрете на мене. Јас сум тука, јас ќе се справам со целиот предизвик, но првин ќе ги поразам, како што многупати сум ги поразил, а потоа на избори граѓаните ќе судат дали и кој треба да сноси одговорност. Само, ве молам, да не шпекулираме, да не креираме информации што немаат никаква врска со вистината. Свети ВМРО да е, ако направил грешка, ќе одговара. Тоа сме го покажале и докажале во овој период“, порача Мицкоски./Извор:Makfax