СЗО: Секое шесто дете е жртва на сајбер-малтретирање

Сeкое шесто училишно дете е жртва на сајбер-малтретирање, според вториот извештај на Светската здравствена организација (СЗО) за здравственото однесување на децата од училишна возраст (HBSC), објавен во Копенхаген. Насилството на интернет е значително зголемено во споредба со претходниот извештај во 2018 година. Новиот извештај опфаќа податоци за периодот од 2018...

Мар 27, 2024 - 19:00
 0  0
СЗО: Секое шесто дете е жртва на сајбер-малтретирање

Сeкое шесто училишно дете е жртва на сајбер-малтретирање, според вториот извештај на Светската здравствена организација (СЗО) за здравственото однесување на децата од училишна возраст (HBSC), објавен во Копенхаген.

Насилството на интернет е значително зголемено во споредба со претходниот извештај во 2018 година. Новиот извештај опфаќа податоци за периодот од 2018 до 2022 година.

Речиси 15 проценти од учениците веќе доживеале сајбер-малтретирање. Процентот на жртви меѓу момчињата се зголеми од 12 отсто во извештајот за 2018 година на 15 отсто, а кај девојчињата од 13 на 16 отсто. Едно од осум ученици на возраст од 11 до 15 години одговориле дека веќе малтретирале некого во дигиталниот простор.

Додека 11 отсто од момчињата во извештајот за 2018 година рекоа дека биле малтретирани преку интернет, таа бројка сега се зголеми на 14 отсто. Кај девојчињата е забележан пораст од 7 на 9 проценти.

Извештајот се фокусира на моделите на злоупотреба и насилство меѓу децата и младите. Во истражувањето учествувале повеќе од 279.000 испитаници. Младите луѓе на возраст од 11 до 15 години учествуваат во студијата на секои четири години.

Последното истражување беше спроведено во 44 земји и региони во Европа, Централна Азија и Канада.

„Овој извештај е повик за будење до сите нас да се справиме со злоупотребата и насилството кога и каде и да се појават“, рече Ханс Анри П. Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.

„Со оглед на тоа што младите поминуваат до 6 часа онлајн секој ден, дури и малите промени во стапката на малтретирање и насилство може да имаат длабоки импликации врз здравјето и благосостојбата на илјадници млади луѓе“, додаде тој.