Вјоса Османи: Формирање заедница на српските општини по приемот на Косово во Советот на Европа

Косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека Косово се обврзало да ја формира заедницата на српските општини во Собранието со ратификување на договорот со Србија, пренесува косовското онлајн-издание „Газета експрес“. Османи ова го рече коментирајќи го писмото што го испрати со косовскиот премиер, Аљбин Курти, и претседателот на Собранието, Гљаук Коњуфца,...

Мар 27, 2024 - 19:00
 0  0
Вјоса Османи: Формирање заедница на српските општини по приемот на Косово во Советот на Европа

Косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека Косово се обврзало да ја формира заедницата на српските општини во Собранието со ратификување на договорот со Србија, пренесува косовското онлајн-издание „Газета експрес“.

Османи ова го рече коментирајќи го писмото што го испрати со косовскиот премиер, Аљбин Курти, и претседателот на Собранието, Гљаук Коњуфца, до известувачот за Косово во Советот на Европа, Дора Бакјоани, во кое тие се обврзаа да го спроведат договорот што подразбира формирање на заедница на општини со српско мнозинство.

„Тоа не е обврска од март 2024 година, туку од основниот договор од 2023 година, што беше прифатен од косовската делегација“, рече Османи.

Таа додаде дека формирањето ЗСО не се бара од Косово пред приемот во Советот на Европа.