Тешка сообраќајка на патот Штип-Скопје, има повредени
На 12.05.2025 во 10.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Штип–Скопје, после наплатна станица Преод, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(50) од Скопје и патничко возило „мерцедес“ со винички регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(59) од Виница. Во несреќата...

На 12.05.2025 во 10.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Штип–Скопје, после наплатна станица Преод, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(50) од Скопје и патничко возило „мерцедес“ со винички регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(59) од Виница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ј., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.