Тошкоски се фали со редовната работа, а граѓаните стравуваат за безбедноста

МВР со видео резиме се пофали за работата изминатите шест месеци, а министерот Панче Тошковски се осврна на некои од активностите во изминатиот период, од кои поголем дел се оние од редовната работа на полицијата. Од друга страна, мандатот на Тошковски е обележан со низа скандали, но и со загрозување...

дек 27, 2024 - 23:00
 0  0
Тошкоски се фали со редовната работа, а граѓаните стравуваат за безбедноста

МВР со видео резиме се пофали за работата изминатите шест месеци, а министерот Панче Тошковски се осврна на некои од активностите во изминатиот период, од кои поголем дел се оние од редовната работа на полицијата.

Од друга страна, мандатот на Тошковски е обележан со низа скандали, но и со загрозување на јавната безбедност, пишува „Рацин.мк“.

На планот на јавната безбедност, медиумите, па и МВР, известуваа за убиства, обиди за убиства и престрелки низ државата, а дел од овие случаи остануваат неразрешени.

Во анализата на „Рацин.мк“ се наведува дека граѓаните беа вознемирени од убиството на лекарот Ацо Трповски, кој беше убиен покрај неговиот автомобил и за кој првично МВР уапси осомничени лица, но ги ослободи. Во престрелка на Пластичарската улица потоа беше убиен и пејачот Амар Исмани. Убиен беше и бизнисменот Чедо Радомировиќ. Двата случаја останаа нерасветлени. Веднаш беа уапсени сторителите на убиството што се случи кај Мавровка во август, кога единиците за брза интервенција ги уапсија убијците, а разрешница и кривична пријава има и за убиството во гостиварско Дебреше, кога беше убиен 35 годишен маж.

Како што пишува „Рацин.мк“ во првите четири месеци од мандатот на Тошковски имаше 25 оружени инциденти, а пукање неколку пати имаше и во октомври во Чаир и на скопската обиколница, Арачиново, Батинци, Сингелиќ, на Пластичарска, во Тетово…

Откако Тошковски седна во МВР опожарени беа и над 35 возила низ државата, најмногу во Скопје, пишува „Рацин.мк“.

Последните опожарени возила се случија во текот на овој месец, декември. На 14 декември во пожар изгоре патничко возило „цитроен ц1“ со скопски регистарсмки ознаки, сопственост на В.С. од Скопје, а претходно, на 10 истиот месец во СВР Скопје било пријавено дека во круг на фирма на ул.„Качанички пат“ во Скопје, чиј што управител е А.И.(47) од с.Брест, скопско, биле опожарени четири товарни возила, сопственост на фирмата.

Од извештаите во медиумите можеше да се забележи дека дел од опожарените возила низ државата дел се на сегашни и поранешни функционери, луѓе од полицијата и судството.