Трамп: Америка потрошила милиони за промена на власта, трагите водат и до Западен Балкан

САД потрошиле милиони долари мешајќи се во изборите во целиот свет, а Русија само 2 во нашата земја, саркастично изјави американскиот претседател, Доналд Трамп. „21 милион долари за гласачите во Индија. Зошто ни беше потребно да потрошиме 21 милион долари за тоа? Па тие веројатно се обидоа да изберат некој...

февруари 20, 2025 - 18:00
 0  3
Трамп: Америка потрошила милиони за промена на власта, трагите водат и до Западен Балкан

САД потрошиле милиони долари мешајќи се во изборите во целиот свет, а Русија само 2 во нашата земја, саркастично изјави американскиот претседател, Доналд Трамп.

„21 милион долари за гласачите во Индија. Зошто ни беше потребно да потрошиме 21 милион долари за тоа? Па тие веројатно се обидоа да изберат некој друг. Ова треба да ѝ го соопштиме на индиската влада бидејќи кога ќе слушнеме дека Русија потрошила речиси 2 милиона во нашата земја, тоа е голема работа, нели? Москва објави реклама на интернет за две илјади долари и тоа е огромно достигнување. А ние 21 милион долари во Индија“, им откри Трамп на новинарите од Белата куќа.

Покрај тоа, американскиот лидер рече дека Вашингтон потрошил милиони долари на разни иницијативи во Камбоџа, Србија, Молдавија, Либерија, Бангладеш и во Непал.

Трамп претходно потврди дека ќе ја укине американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД). Тој рече дека УСАИД е управуван од куп радикални лудаци и е погрешно управуван.

Претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за специјални мисии, Ричард Гренел, изјави дека милијарди долари се даваат на левичарските невладини организации за спроведување радикални политики во други земји и го наведе примерот во Западен Балкан./Извор:Makfax