Трамп го откажа учеството на преговорите по објавувањето дека Путин нема да присуствува
Американскиот претседател Доналд Трамп нема да оди во Турција за да учествува на руско-украинските разговори, изјави американски функционер. Тој ја даде изјавата откако Кремљ објави список на руската делегација на преговорите, на кој не е вклучен претседателот Владимир Путин. Трамп претходно изјави дека е можно да отпатува во Истанбул доколку...

Американскиот претседател Доналд Трамп нема да оди во Турција за да учествува на руско-украинските разговори, изјави американски функционер.
Тој ја даде изјавата откако Кремљ објави список на руската делегација на преговорите, на кој не е вклучен претседателот Владимир Путин.
Трамп претходно изјави дека е можно да отпатува во Истанбул доколку Путин е таму.
Американската страна објави дека во нивната делегација ќе бидат државниот секретар Марко Рубио и специјалните пратеници Стив Виткоф и Кит Келог.
Зеленски е единствениот шеф на држава кој патува во Турција
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно објави дека ќе отпатува за Истанбул каде, како што рече, ќе го чека својот руски колега Владимир Путин.
Украински функционер објави дека Зеленски е на пат кон Анкара, каде што треба да се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган./Извор:Makfax