УНЕСКО: Откако талибанците се на власт, на повеќе од милион девојчиња им е скратено образованието

УНЕСКО предупреди дека тригодишното владеење на талибанците го забрани пристапот до средно образование за 1,4 милион девојчиња бришејќи ги двете децении постојан образовен напредок во Авганистан, а сè повеќе високите стапки на напуштање од основно училиште се закануваат со зголемување на детскиот труд и со ран брак во земјата. На...

авг 15, 2024 - 18:00
 0  2
УНЕСКО: Откако талибанците се на власт, на повеќе од милион девојчиња им е скратено образованието

УНЕСКО предупреди дека тригодишното владеење на талибанците го забрани пристапот до средно образование за 1,4 милион девојчиња бришејќи ги двете децении постојан образовен напредок во Авганистан, а сè повеќе високите стапки на напуштање од основно училиште се закануваат со зголемување на детскиот труд и со ран брак во земјата.

На најмалку 1,4 милион девојчиња во Авганистан им е забранет пристапот до средно образование откако талибанците се вратија на власт во 2021 година, а иднината на цела генерација сега е загрозена, објави денеска Агенцијата на ОН за образование, наука и култура.

Пристапот до основното образование исто така значително опадна, со 1,1 милион помалку девојчиња и момчиња што одат на училиште, се вели во соопштението на УНЕСКО, а талибанските власти одбележаа три години од повторното преземање на Авганистан на 15 август 2021 година.

Во моментот речиси 2,5 милиона девојчиња се лишени од правото на образование, што претставува 80 отсто од авганистанските девојчиња на училишна возраст, објави агенцијата на ОН./Извор:Makfax