Украина: Русите имаат половина затвореници помалку од 2014 година, испратиле 180 илјади во војна
Русија регрутирала меѓу 140.000 и 180.000 затвореници за да учествуваат во војната против Украина, објави Украинската служба за надворешно разузнавање (СЗР), пренесува УНН. „Во ноември 2024 година бројот на регрути на Руската Федерација беше меѓу 140.000 и 180.000 луѓе, кои издржуваа казни за кривични дела во руските затвори за да...
Русија регрутирала меѓу 140.000 и 180.000 затвореници за да учествуваат во војната против Украина, објави Украинската служба за надворешно разузнавање (СЗР), пренесува УНН.
„Во ноември 2024 година бројот на регрути на Руската Федерација беше меѓу 140.000 и 180.000 луѓе, кои издржуваа казни за кривични дела во руските затвори за да учествуваат во руско-украинската војна“, објави СЗР на 2 јануари.
„Севкупно, во 2024 година во колониите и затворите во Русија имало меѓу 300.000 и 350.000 затвореници. Ова е за половина од 2014 година. Причината за намалувањето е руско-украинската војна“, посочуваат од разузнавачката служба.
Во исто време СЗР соопшти дека на 1 јануари стапила во сила одлуката на руската влада, со која се укинува еднократната исплата на затворениците за потпишување договор со руското Министерство за одбрана за учество во војната против Украина.
„Законодавното укинување на еднократната исплата е доказ за продлабочувањето на кризата во руската економија и недостигот на финансиски средства“, се вели во разузнавачкиот извештај.
Претходно, според извештајот, затворениците добивале еднократна исплата од 1.671 евро за потпишување на договорот. Во јули 2024 година износот на исплата беше зголемен на 3.428 американски долари. „Сепак, затворениците и нивните роднини се лишени од голем број исплати и бенефиции што ги добиваат членовите на доброволните формации. Покрај тоа, платата на оваа категорија лица е два до четири пати помала од платата на другите окупатори“, заклучува СЗР./Извор:Makfax