Во текот на ноќта Украина ги собори сите 29 дрона лансирани од Русија

Украинските воздухопловни сили утринава соопштија дека во текот на ноќта ги собориле сите 29 беспилотни летала лансирани од Русија над осум украински региони, предизвикувајќи само мала штета. Русија, исто така, лансираше три ракети Кх-59 за време на нападот, се вели во соопштението на воздухопловните сили, пренесоа британските медиуми. Гувернерот на...

авг 15, 2024 - 18:00
 0  0
Во текот на ноќта Украина ги собори сите 29 дрона лансирани од Русија

Украинските воздухопловни сили утринава соопштија дека во текот на ноќта ги собориле сите 29 беспилотни летала лансирани од Русија над осум украински региони, предизвикувајќи само мала штета.

Русија, исто така, лансираше три ракети Кх-59 за време на нападот, се вели во соопштението на воздухопловните сили, пренесоа британските медиуми.

Гувернерот на централниот регион Черкаси рече дека остатоци од беспилотни летала оштетиле прозорци на приватно претпријатие, додека гувернерите на регионите на Киев, Полтава и Кировоград не пријавиле штета на инфраструктурата и нема жртви.

Гувернерот на јужниот регион Миколаев изјави дека тамошните воздушни сили собориле пет беспилотни летала, но не кажа дали нападот предизвикал некаква штета.

Уште осум беспилотни летала беа соборени над јужниот регион Херсон, рече гувернерот на регионот./Извор:Makfax