Уште еден напад со нож во Лондон: избодени три лица

Три лица се избодени со нож за време на првиот ден од карневалот во Нотинг Хил во Лондон, а едно од нив се здобило со повреди опасни по живот, соопшти лондонската полиција. Се очекува повеќе од милион луѓе да присуствуваат на карневалот, прослава на афро-карипската култура што се одржува секоја...

авг 26, 2024 - 18:00
 0  2
Уште еден напад со нож во Лондон: избодени три лица

Три лица се избодени со нож за време на првиот ден од карневалот во Нотинг Хил во Лондон, а едно од нив се здобило со повреди опасни по живот, соопшти лондонската полиција.

Се очекува повеќе од милион луѓе да присуствуваат на карневалот, прослава на афро-карипската култура што се одржува секоја година на улиците на Нотинг Хил во западен Лондон.

На карневалот кој завршува денеска се ангажирани околу 7.000 полицајци.

Полицијата соопшти дека во неделата уапсила 90 лица, од кои 10 се приведени за напад на работници на Брза помош, 18 за поседување оружје и четворица за сексуални деликти.

„Стотици илјади луѓе денеска дојдоа на карневалот во Нотинг Хил за да уживаат во прославата. За жал, малцинството дојде да изврши кривично дело и да се вклучи во насилство“, се вели во соопштението на полицијата./Извор:Makfax