(Видео) Украинците нападнаа два руски града, Русите извршија напад со дрон врз Киев

Русија изврши напад со дрон врз Киев, а Украина истовремено нападна два големи руски града. Рано наутро Русија изврши напад со беспилотни летала врз Киев, соопшти украинската војска. Според првичните информации нема повредени или материјална штета. Серхи Попко, шеф на воената администрација на Киев, преку Телеграм изјави дека неколку беспилотни...

авг 26, 2024 - 18:00
 0  2
(Видео) Украинците нападнаа два руски града, Русите извршија напад со дрон врз Киев

Русија изврши напад со дрон врз Киев, а Украина истовремено нападна два големи руски града.

Рано наутро Русија изврши напад со беспилотни летала врз Киев, соопшти украинската војска.

Според првичните информации нема повредени или материјална штета.

Серхи Попко, шеф на воената администрација на Киев, преку Телеграм изјави дека неколку беспилотни летала биле уништени додека се приближувале до областа околу Киев. Тој додаде дека точната проценка за сериозноста на нападот ќе се знае во текот на денот. Во 2:30 часот, големи области на централна и источна Украина беа под предупредување за воздушен напад.

Истовремено, со беспилотни летала Украина ја погоди руската област Саратов, а оштетени се неколку куќи во градовите Саратов и Енгелс, изјави гувернерот на регионот, кој се наоѓа на неколку стотици километри југоисточно од Москва, пренесува Јутарњи.

Едно беспилотно летало удрило во резиденцијалниот облакодер „Волга Скај“, кој има 38 ката. Снимен е моментот кога дронот удрил во зградата. Ова е највисоката зграда во Саратов, каде живеат околу 850.000 луѓе.

Оштетени се најмалку три ката од оваа зграда./Извор:Makfax