Уште еден силен земјотрес со јачина од 5 степени го погоди Санторини, драмата продолжува: се тресеше и во текот на ноќта

Пет земјотреси ја погодија областа меѓу Аморгос и Санторини во текот на ноќта, соопшти Геодинамичкиот институт при Националната опсерваторија во Атина. Најсилниот земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала беше утринава во 3.14 часот на 24 километри југоисточно од Аморгос, пишува „Катимерини“. Потоа следуваа уште четири помали земјотреси...

февруари 12, 2025 - 18:00
 0  2
Уште еден силен земјотрес со јачина од 5 степени го погоди Санторини, драмата продолжува: се тресеше и во текот на ноќта

Пет земјотреси ја погодија областа меѓу Аморгос и Санторини во текот на ноќта, соопшти Геодинамичкиот институт при Националната опсерваторија во Атина.

Најсилниот земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала беше утринава во 3.14 часот на 24 километри југоисточно од Аморгос, пишува „Катимерини“.

Потоа следуваа уште четири помали земјотреси со јачина од 4, 4,6, 4 и 4,1 степени, кои беа регистрирани во периодот од 3.35 до 4.23 часот.

Во 6.21 часот е регистриран уште еден земјотрес со јачина од 4,1 степени на 230 километри југоисточно од Атина.

Оваа серија земјотреси е дел од тековната сеизмичка активност, која почна на почетокот на февруари.

Од 1 февруари повеќе од 1.100 земјотреси се регистрирани во регионот на Кикладите, од кои најсилниот бил со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала.

Поради континуираната сеизмичка активност, училиштата на Санторини, Анафи, Аморгос и Јос се повторно затворени оваа недела.

Научниците продолжуваат да предупредуваат дека сеизмичката активност може да продолжи со месеци и дека не ја исклучуваат можноста за голем земјотрес, како и помали вулкански ерупции во областите Неа Камени или Колумба./Извор:Makfax