Власта одби уште еден амандман за чиста животна средина
Соопштение на СДСМ: Парламентарното мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ одби уште еден амандман на предлог буџетот, поднесен од пратеници на СДСМ, за обезбедување на 254.119 илјади денари за пречистителна станица за Валандово. Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска, во образложението на амандманот истакна дека пречистителните станици се од суштинско значење за управуваање...
Соопштение на СДСМ:
Парламентарното мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ одби уште еден амандман на предлог буџетот, поднесен од пратеници на СДСМ, за обезбедување на 254.119 илјади денари за пречистителна станица за Валандово.
Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска, во образложението на амандманот истакна дека пречистителните станици се од суштинско значење за управуваање со отпадните води и за заштита на животната средина.
Со ова ќе се подобри квалитетот на водите во регионот и ќе се обезбеди здрава и чиста средина за локалното население, нагласи Тренчевска.
Заменик министерот за финансии и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го одбија амандманот предложен од СДСМ, наменет за чиста животна средина.