Во Кина над 150.000 луѓе се евакуирани во пресрет на тајфунот Гаеми

Источната кинеска провинција Фуџијан евакуираше повеќе од 150.000 жители поради очекуваниот удар на тајфунот Гаеми, соопштија денеска властите. Суспендирани се 73 патнички фериботи, а откажани се 97 летови, јавува Ксинхуа. Повеќе од 29.000 луѓе кои работат на рибарски сплавови се засолниле на брегот, 733 рибарски чамци се вратиле во пристаништата,...

јул 25, 2024 - 18:30
 0  3
Во Кина над 150.000 луѓе се евакуирани во пресрет на тајфунот Гаеми

Источната кинеска провинција Фуџијан евакуираше повеќе од 150.000 жители поради очекуваниот удар на тајфунот Гаеми, соопштија денеска властите.

Суспендирани се 73 патнички фериботи, а откажани се 97 летови, јавува Ксинхуа.

Повеќе од 29.000 луѓе кои работат на рибарски сплавови се засолниле на брегот, 733 рибарски чамци се вратиле во пристаништата, а околу 3.200 луѓе биле евакуирани на брегот од чамците, соопшти провинциската канцеларија за контрола на поплави./Извор:Makfax