ВО ЖИВО: Се развива бајракот на Галичка свадба, се играат ората „Невестинско“ и „Тешкото“, симбол на непокорот

Викендов се одржува јубилејното 60-то издание на Галичка свадба. Овогодишениот зет е Оливер Андреевски, со потекло од галичката фамилија Шулески, долгогодишен учесник на Галичка свадба како и дел од организацијата на повеќе настани во Галичник, додека невестата е Елисавета Булоска со потекло од Охрид. Врвот на бајракот денеска се кити со цвеќе, а потоа се развива. Зетот го става на „перде“ од десната страна на куќата и се „фрла“ пушка. Во 20 часот топаните ќе тргнат кон куќата на зетот, а тој со братот и побратимите ќе тргнат кон мостот каде ќе се сретнат. Со сито на глава и бокал во раце, со блиските роднини, сверквата води оро. Потоа ќе се изведат ората „Невестинско“ и  „Тешкото“ кои се симбол на пркосот и непокорот. Поворката од свадбари со борини и факели одат од куќата на зетот до куќата на невестата, а потоа заедно со неа одат на три чешми да наполнат вода.

јул 15, 2023 - 20:40
 0  2