Војската на Мјанмар бомбардира региони под контрола на бунтовниците и покрај катастрофата
Мјанмарската хунта продолжи со воздушните напади по земјотресот. „Би-Би-Си“ потврди дека седум цивили биле убиени во нападот на Наунгчо во државата Шан, само три часа по нападот. Слични напади беа забележани и во регионот Сагаинг, кој е и епицентарот на земјотресот, и долж границата со Тајланд. Претставникот на ОН, Том...

Мјанмарската хунта продолжи со воздушните напади по земјотресот.
„Би-Би-Си“ потврди дека седум цивили биле убиени во нападот на Наунгчо во државата Шан, само три часа по нападот.
Слични напади беа забележани и во регионот Сагаинг, кој е и епицентарот на земјотресот, и долж границата со Тајланд.
Претставникот на ОН, Том Ендрјус, рече: „Срамно е што војската фрла бомби додека спасувачките екипи се обидуваат да ги извлечат луѓето од урнатините“.
Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди Мјанмар пред два дена, а според информациите загинати се најмалку 1.600 лица, но се очекува бројот да продолжи да расте./Извор:Makfax