Земјотрес ја погоди Швајцарија
Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди Швајцарија, објавено е на веб-страницата на швајцарската сеизмолошка служба. Земјотресот се случил во 2 часот и 34 минути, а епицентарот бил на длабочина од 10 километри, на 32 километри југоисточно од Цирих. Швајцарската сеизмолошка служба навела дека земјотресот...
Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди Швајцарија, објавено е на веб-страницата на швајцарската сеизмолошка служба.
Земјотресот се случил во 2 часот и 34 минути, а епицентарот бил на длабочина од 10 километри, на 32 километри југоисточно од Цирих.
Швајцарската сеизмолошка служба навела дека земјотресот најверојатно го почувствувале граѓаните низ целата земја, а тој можел да предизвика помали штети во близина на епицентарот./Извор:Makfax