Бројот на загинати за време на годинешниот аџилак се зголеми на повеќе од 1.300
Бројот на починати за време на годинешниот аџилак во Мека се зголеми на 1.301, изјави денеска министерот за здравство на Саудиска Арабија, Фахад ал-Џалаџел. Министерот, чии зборови ги пренесе државната телевизија, рече дека причината за смртта е „пешачење на долги растојанија под директна сончева светлина“, без соодветна заштита, а меѓу...
Бројот на починати за време на годинешниот аџилак во Мека се зголеми на 1.301, изјави денеска министерот за здравство на Саудиска Арабија, Фахад ал-Џалаџел.
Министерот, чии зборови ги пренесе државната телевизија, рече дека причината за смртта е „пешачење на долги растојанија под директна сончева светлина“, без соодветна заштита, а меѓу загинатите има многу стари лица и оние што боледуваат од хронични болести.
Речиси 83 отсто од смртните случаи се оние на кои не им бил одобрен аџилак, рече саудискиот министер./Извор:Makfax