Филипче: ВМРО-ДПМНЕ биле и ќе останат политички кукавици

Претседателот на СДСМ Венко Филипче во денешниот говор на Конгресот зборуваше и за дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ. „Додека се прогласуваат за големи „Европејци“, нивните дела говорат спротивно. Македонија е заглавена на патот кон ЕУ поради недостигот од акција на оваа влада. Наместо да ги продолжат преговорите, блокираат клучни реформи и ја...

ноември 24, 2024 - 16:00
 0  2
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ биле и ќе останат политички кукавици

Претседателот на СДСМ Венко Филипче во денешниот говор на Конгресот зборуваше и за дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека се прогласуваат за големи „Европејци“, нивните дела говорат спротивно. Македонија е заглавена на патот кон ЕУ поради недостигот од акција на оваа влада. Наместо да ги продолжат преговорите, блокираат клучни реформи и ја користат европската перспектива за дневно-политички поени. Да не заборавиме дека истите овие луѓе, кога беа во опозиција, направија сѐ за да ги блокираат договорите со Грција и Бугарија, договори што отворија врата за НАТО и ЕУ. Тие блокади ја чинеа Македонија години изгубен развој, а сега повторно го гледаме истиот деструктивен модел“ порача тој.

Филипче додаде дека ВМРО-ДПМНЕ постојано бега од преземање одговорност

„Тие се истите лицемери кои се себеси се нарекуваат „народни“, а никогаш немаат храброст да го подметнат грбот во клучните моменти за државата. Секогаш бегаат од одговорност и се кријат во своите комфорни зони. Биле и ќе останат политички кукавици.Но, граѓаните не се наивни. Точно ги читаат неискрените политичари кои ја освоија нивната доверба со веќе видените политички измами“ рече Филипче.