Големи гужви за влез во Грција, се чека и до еден час

Големи гужви се забележани утрово на граничниот премин Богородица за влез во Грција. Граѓани за „Макфакс“ велат дека чекаат и до еден час за да ја поминат границата од грчката страна. Дополнително, патувањето кон грчките летни дестинации оваа сезона го отежнуваат и градежните активности кај обиколницата кај Солун, пришто патниците...

јуни 22, 2024 - 18:01
 0  5
Големи гужви за влез во Грција, се чека и до еден час

Големи гужви се забележани утрово на граничниот премин Богородица за влез во Грција.

Граѓани за „Макфакс“ велат дека чекаат и до еден час за да ја поминат границата од грчката страна.

Дополнително, патувањето кон грчките летни дестинации оваа сезона го отежнуваат и градежните активности кај обиколницата кај Солун, пришто патниците раскажуваат дека целото патување се продолжува дури и за неколку часа.

Гужвите се очекува дополнително да ескалираат во екот на сезоната./Извор:Makfax