Скопјанец осомничен за разбојничка кражба
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело- Разбојничка кражба од член 238 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 29-годишник, на 12.10.2024 година, влегол во магацин на објект во градба на булеварот “Борис Трајковски”...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело- Разбојничка кражба од член 238 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 29-годишник, на 12.10.2024 година, влегол во магацин на објект во градба на булеварот “Борис Трајковски” за да одземе разновиден електричен алат, калориметри и други предмети во вкупна вредност од околу 363.000 денари. Кога при кражбата бил затекнат од чувар на градилиштето, осомничениот употребил сила и закана дека ќе го убие, физички го нападнал со тупаници по лицето и тешко телесно го повредил. Потоа побегнал, носејќи со себе една вреќа украдени предмети.
Имајќи предвид дека осомничениот и претходно бил осудуван за кражби, како и начинот на кој го извршил ова дело, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од бегство и опасност да го повтори делото, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.