Трамп: Сакам да се сретнам со Путин што е можно поскоро
Актуелниот американски претседател Доналд Трамп, исто така, даде изјава во врска со мировните преговори меѓу Русија и Украина. „Време е едноставно да го завршиме тоа. Ќе го завршиме“, рече Трамп. Тој додаде дека сака што поскоро да одржи средба со рускиот претседател Владимир Путин – штом успеат да ја договорат....

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп, исто така, даде изјава во врска со мировните преговори меѓу Русија и Украина.
„Време е едноставно да го завршиме тоа. Ќе го завршиме“, рече Трамп.
Тој додаде дека сака што поскоро да одржи средба со рускиот претседател Владимир Путин – штом успеат да ја договорат.
Трамп вчера изјави дека значителен напредок во разговорите е малку веројатен сè додека тој и Путин не се сретнат лице в лице.
Да потсетиме дека американскиот претседател е на последниот ден од посетата на Блискиот Исток, а денес зборуваше на настанот на Советот за деловна соработка во Обединетите Арапски Емирати./Извор:Makfax