Утрото ведро и постудено, преку денот релативно топло со температура до 19 степени

Времето денеска наутро ведро и постудено, преку денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени. Во Скопје, наутро студено, а преку денот релативно топло со...

Мар 5, 2025 - 11:00
 0  3
Утрото ведро и постудено, преку денот релативно топло со температура до 19 степени

Времето денеска наутро ведро и постудено, преку денот сончево и релативно топло.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје, наутро студено, а преку денот релативно топло со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на претежно сончево и релативно топло време со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст и значително повисоки на крајот од работната недела кога наместа ќе надминуваат 20 степени./Извор:Makfax